Нова иницијатива пред уставните судии

Урбанистичките планови во Маврово пред Уставен суд

Урбанистичките планови за селата Маврово и Леуново, како и одлуката за отстапување со стопанисување на водоводот на хотел Радика се пред Уставен суд. Адвокатското друштво Пешевски и Тимовски во име на здружениетo Спас за Маврово поднесе иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на овие одлуки на Советот на Општина Маврово Ростуше.

Урбанистичкиoт план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок – 7 e објавен во службен гласник за Oпштина Маврово Ростуше на 26 февруари 2015 година. Одлуката за усвојување на Урбанистичкиот план за село Леуново, Никифорово и Анови е објавена во службениот гласник на општината на 19 јули 2001 година, а одлуката за отстапување на водоводот е донесена на 25 октомври 2019 година.

Според подносителите на иницијативата одлуките за урбанистичките планови се донесени спротивно на законски утврдените прописи, без согласност на Националниот парк Маврово и без прибавено мислење од Министерството за животна средина. Со донесувањето на овие одлуки општината делувала спротивно на член 16 од Законот за заштита на природата, без спроведена постапка за оценка на влијанието врз природата.

Според член 58 од истиот закон „забранета е изградба на објекти или стопанисување со природните богатства крај природните извори, покрај брегот на природните водотеци, крајбрежјето на природните или вештачките езера како и плавените рамнини на водотеците”.

Освен тоа, според Законот за заштита на природата носителот на правото на користење или сопственикот на имот во заштитено подрачје е должен природното наследство да го чува, да се грижи за неговото одржување и навреме да ги презема пропишаните техничко заштитни и други мерки потребни за заштита и одржување, во согласност со актот за прогласување на заштитено подрачје и должен да побара согласност за сите инвестициски активности на користење, односно уживање на имотот во заштитеното подрачје од субјектот задолжен за вршење на работите на управувањето со заштитеното подрачје.

Дозвола за градење во заштитено подрачје, зелена зона како што е случајот со Националниот парк Маврово дава исклучиво Владата, а не општината , предвидуваат законските норми.

Во Законот за води во Македонија водите се добра од општ интерес и се во сопственост на Република Македонија и не можат да бидат сопственост на физички и правни лица. Одлуката да му се довери на хотелот Радика да раководи со водоводот во Леуново, а и самата одлука на Јавното претпријатие за комунална дејност Маврово се незаконски и подлежат и на кривична одговорност.

Бараме од Уставниот суд по спроведување на нужната постапка нападнатите одлуки да ги поништи како спротивни на Уставот и на законите и како истите никогаш да не произведувале правно дејство, пишува во иницијатвата на адвокатското друштво Пешевски и Тимовски кои „про боно“ ги застапуваат интересите на здружението Спас за Маврово.

 

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе