Укината забраната за продажба на книгата „До атентатот и по него“ на Стојан Андов

Апелациониот суд ја укина времената мерка на Основниот суд Скопје 2 да се забрани продажбата на книгата „До атентатот и по него", на поранешниот собраниски спикер, Стојан Андов.

Апелација ја прифатила желбата на адвокатот на Андов, Звонко Давидовиќ

Основниот суд Скопје-2 во март годинава донесе решение за привремена мерка, забрана на продажба и располагање на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“ по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров. Времената мерка беше донесена по барање на тужителот. Професорот Љубомир Фрчкоски го тужи Андов за клевета, бидејќи во книгата се зборува за неговата улога во атентатот на поранешниот претседател, Киро Глигоров. Адвокатот Давидовиќ тврдеше дека Фрчковски не е наклеветен, бидејќи, како што вели, Андов пишува за пропустите во истрагата во тоа време, а тврдењето, додава, го поткрепува со факти и со дадени изјави.

„Ова е преседан, неочекуван преседан, не зборува добро за состојбите и за атмосферата во земјата. Досега не се случило судот да забрани книга“, изјави тогаш Андов.

По одлуката на Апелација времената мерка се враќа во првостепениот суд на повторно одлучување. Се додека судот повторно не се произнесе книгата на Андов може слободна да се продава и реиздава, тврди адвокатот Давидовиќ.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе