Укинат куќниот притвор на Зоран Милески-Кичеец

Кривичниот совет го прифатил барањето и поднесената гаранција од Зоран Милески-Кичеец за укинување на домашниот притвор одреден до правосилност на тригодишната затворска казна во случајот „Рекет".

Домашниот притвор е укинат од Кривичниот совет на наше барање со гаранција од недвижности, проценети над 13 милиони денари. Укинат е пред две недели, потврди адвокатот Александар Новаковски.

Милески на почетокот на судењето во случајот „Рекет" ја призна вината за делото – во кое се товареше за посредување и примање награда за договарање на средби меѓу Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев и беше осуден на казна затвор од три години.

Случајот „Рекет" против Бојан Јовановски и Катица Јанева се уште трае и се наоѓа во доказна постапка. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе