„Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека од надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка на 12. 09. 2019 година доставен е предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазлвиост. По разгледување и ценење на предлогот истиот е уважен од судија и мерката куќен притвор е укината, а определени се други поблаги мерки за претпазливост“, соопштуваат од Судот.
Кривичниот Суд му одреди куќен притвор на Јакимовски во март оваа година. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата „Илинденска".