Рочиште за „Таргет-Тврдина“

УБК и БЈБ следеа без судски наредби, Грујевски бараше да се фабрикуваат докази, сведочеше Костовски

Сведокот Ѕвонко Костовски на денешното рочиште во Кривичниот суд за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство рече дека во 2011 година на барање на Горан Грујевски биле направени четири сајтови во системот „Најс“ за подобра прегледност и групирање на таргетите.

„Во 2011 година Горан Грујевски побара да се направат четири сајтови во системот ‘Најс‘ за подобра прегледност и групирање на таргетите. Првиот сајт беше наречен ‘Судски наредби‘, вториот беше наречен ‘Рудник‘ и во него беа оперативните таргети на УБК, во третиот ‘Полог‘ беа оперативните таргети на БЈБ, а во четвртиот имаше телефонски броеви од политичари, бизнисмени, новинари и невладини организации“, објаснуваше Костовски.

Оперативните таргети на УБК и БЈБ, според него, не биле следени со судски наредби, туку со барања од УБК кои се евидентирале во посебна книга, а ако се „увидело“ дека има потреба, се барала судска дозвола.

Тој пред судот истакна дека во првите три сајтови пристап имале админ 1 и админ 2, а во четвртиот марк 11 и го користел маркирачот Владимир Варелов.

Костовски рече дека тој имал пристап до првите три сајтови, а до четвртиот имале Горан Грујевски и Сашо Мијалков, како и барем еден маркирач.

„Таргетот, соговорникот, локацијата и други елементи од системот беше побарано да се сменат во фајлот и да се фабрикуваат докази за судска наредба при апсењето на Соња Верушевска. Тоа го побара од нас Горан Грујевски“, рече Костовски.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинието, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви, а прислушувани биле над 20 илјади граѓани. 

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе