Турски државјанин обвинет за фалсификување пасош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против државјанин на Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа.

„Обвинетиот, на 25 февруари при поднесување барање за привремен престој и на 11 мај при подигање на дозволата за привремен престој на странец во Република Северна Македонија, употребил преправена јавна исправа, турски пасош. На оригиналнната патна исправа било извршено отстранување и замена на оригиналната втора страница која содржи лични податоци и фотографија на имателот на патната исправа. Вметната била нова неоригинална страница која се разликува од оригиналот по техничките карактеристики на печатење, флуоресценцијата и по конецот со кој е сошиен буклетот на патната исправа. Преправениот пасош обвинетиот го употребил како вистински во два наврати, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, соопштија од Обвинителството.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе