За поголема заштита на безбедноста и сигурноста на граѓаните

Тупанчевски ја покажа најголемата дигитална судница, направена е во Идризово за да нема гужви низ Скопје

Новата дигитална судница во КПУ Идризово нуди најсовремени услови за изведување на судски процеси. Функционалниот аудио-конференциски систем со кој располага судницата дава можности за судења без физичко присуство на учесниците во судските процеси, истакна денеска министерот за правда, Никола Тупанчески, за време на официјалниот почеток на пуштањето во употреба на судницата.

„Ова е најголемата и најопремената судница во Република Северна Македонија со судска сала од 290 м2. Изградена е по примерот на судниците во државите со големо искуство во сузбивањето на организираниот криминал. Комплексот располага со посебни влезови за осудени лица, за службени лица, како и за јавноста која ќе присуствува на овие судења и посебен дел за новинарите“, информираше Тупанчески.

Посочи дека судницата нуди најсовремени услови за изведување на судски процеси, додека функционалниот аудио-конференциски систем со кој располага судницата дава можности за судења без физичко присуство на учесниците во судските процеси.

„Користењето на оваа судница ќе има сериозен импакт во насока на намалување на трошоците за судските процеси за обезбедување и транспорт, кои значително ќе се редуцираат. Ќе се обезбеди поголема заштита на безбедноста и сигурноста на граѓаните на главниот град и нема да се наруши непреченото, нормално функционирање на градот преку блокирање на сообраќајот“, рече министерот Тупанчески и додаде дека првото судење во најголемата дигитална судница во Идризово ќе се одржи на 14 декември.

Претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, во изјава за медиумите истакна дека отворањето на оваа судница е еден голем исчекор во работењето на целокупниот систем на Министерството за правда, посебно во работењето на судовите, обвинителствата, како и на адвокатите, за коишто рече дека се дадени максимални услови во поглед на можностите за спремање на одбраната како и давање на соодветна одбрана во текот на судењето.

„Сметам дека ова навистина е еден голем исчекор, се надеваме дека и другите услови, односно по другите градови и другите судници исто така во наредниот период ќе се унапреди работењето на условите во коишто делуваат, не само судиите туку, и обвинителите и ние како адвокати“, изјави Михајловски.

Претседателот на комисијата за ревизија на АКМИС системот при МП, Лазар Нанев, рече дека пуштена е во функција една од најдигитализираните судници, не само во нашата земја, туку генерално и во целиот регионот.

„Започнува да функционира најсовремената дигитална судница во нашата држава. Најголемата и во делот на просторот, меѓутоа и на сите оние капацитети коишто се потребни за една ваква судница за да обезбеди целосно, правично, фер и законито судење, односно да обезбеди пристап до правдата кои ќе бидат задоволни сите странки учесници во постапката“, изјави Нанев.

Тој кажа дека овие услови овозможуваат целосен комодитет и дека аудиовизуелното снимање преку инсталирање на посебен систем обезбедува целосно имплементирање на одредбите од законот за кривична постапка аудиовизуелни записници, но истовремено, како што кажа Нанев, воведувањето на АКМИС системот обезбедува оваа судница да биде дел од интегрираниот систем на АКМИС, односно на управување и движење на судските предмети.

Додека претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, рече дека придобивките од оваа нова голема судница пред се ги има судството, меѓутоа бенефити ќе имаат и судиите, обвинителите, адвокатите и секако правдата.

„Потенцијалот на оваа судница е навистина голем доколку се има предвид и големата слика да во близина се изгради и ново притворско одделение како составен дел, така да заедно со тоа мислам дека целосната слика ќе биде уште подобра“, изјави Џолев.

Од вкупната вредност на изградбата на објектот којашто изнесува 1,3 милиони евра, околу 975 илјади евра се обезбедени преку ИПА акциската програма „Поддршка за секторот правда" на ЕУ, набавката на безбедносната опрема е донација на Амбасадата на САД во земјава во вредност од над 60 илјади евра, додека од буџетот на Владата издвоени се околу 283 илјади евра финансиска помош и дополнителни 45 илјади евра преку Управата за извршување на санкции за набавка на мебел и опрема.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе