Триесетдневен притвор за Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на Мијалков

На Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, Судот вечерва му одреди 30-дневен притвор.

Притвор од 30 дена доби и Стево Маџовски, додека на Кристина Јосифовска и е определена мерка на претпазливост. Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба од 2007 до 2017 година, како вработени во УБК.

„Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство заради основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска беа спроведени три лица. По прозинесување на лицата во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на Т.Ј. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, на С.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП и за К.Ј го прифати предлогот и определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патната исправа, Обврска за јавување во суд, Забрана за напуштање на живеалиштето и Забрана за вршење определени работни активности поврзани со кривичното дело, соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје“, соопшти вечерва скопскиот Кривичен суд.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска издаде Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица осомничени дека како вработени во УБК ја злоупотребиле својата службена положба и го оштетиле државниот буџет за 50.670.000 денари. Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до Судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје1 – Скопје, достави предлог за мерка – притвор за осомничените.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе