Три години затвор за Јордан Горгиев, возачот кој усмрти пешак кај Сити мол

Три години затвор доби Јордан Горгиев (23) кој на 20 јануари во сообраќајна незгода кај Сити мол во Скопје ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова. Георгиев вината ја прифаќа и нема да се жали на висината на казната. Семејството на девојката ќе поднесе жалба на пресудата, смета дека е премногу несериозна казната за така сериозно кривично дело со смртни последици.

Возилото со кое управувал Георгиев во моментот кога беше предизвикана сообраќајката се движело за 17,3 км на час поголема брзина од дозволената.

Горгиев го призна делото и изрази каење. „Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да, се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи санкција. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина“, рече Горгиев.

За семејството на починатата Викторија Николова е неприфатлива пресудата и најавија жалба преку јавното обвинителство.

Адвокатот Владимир Михјаловиќ, во својство на правен застапник на оштетената Николова, во својот коментар на пресудата истакна дека таа вечер на семафорот трепкало жолто светло и дека, за жал, како што рече, денеска Кривичниот суд дозволил светлото да биде зелено и на тој начин дозволува вакви престапи да поминат неказнети.

„Казна од три години за вакво дело со смртни последици е премногу несериозна за премногу сериозно дело. Во консултација со јавното обвинителство најавивме дека ќе поднесеме барање за жалба на оваа пресуда и се надеваме дека Апелациониот суд ќе биде многу посериозен по дадената жалба на јавното обвинителство. Морам да нагласам дека имаме ситуација кога се е чисто, кога без разлика на признавањето на вина делото и со него и без него е такво какво што е, а имаме пресуда која за нив и за нас е ослободителна. Со тоа дозволуваме секојдневно сите ние, сите вие и оние гледаат да бидеме жртви на сообраќајното насилство. Оваа мора да престане веднаш, затоа што вака ќе имаме повеќе погреби, отколку што ќе имаме веселби за убави работи“, рече бранителот Михајловиќ.

Таткото на почината Викторија, даде кратка изјава и посочи дека се згрозени од пресудата и затоа од овие причини има голем процент на недоверба во судството.

Од другата страна одбраната на обвинетиот Ѓорѓиев, наведе дека пресудата за нив како одбрана е задоволителна и дека за казната од три години нема да се жалат, но ќе поднесат жалба за одлуката за притвор. Според нив, домашниот притвор во правото е притвор што ограничува.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе