Пресуди на првостепениот суд

Три години затвор за Буки од случајот „Двојник“, условни за Колевска и Шпишиќ

Основниот кривичен суд Скопје ги огласи за виновни Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ обвинетите во случајот „Двојник“. Обвинетиот Буки, од страна на судот е осуден на три години затвор, додека на обвинетите Колевска и Шпишиќ им изрече условни казни од една година затвор во случај да го повторат кривичното дело во следните три години.

Застапникот на обвинението Спасенка Аднонова, по објавување на пресудата предложи да се продолжи мерката притвор за обвинетиот Буки.

Воедно, таа побара да продолжат и мерките за претпазливост за обвинетите Колевска и Шпишиќ. 

Судењето за овој предмет го води судијката Оља Ристова.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе