За донесување на одлука за евентуална кривична одговорност

Треба уште време за анализа на прибраните докази за пожарот со 14 жртви во Тетово, велат од Обвинителството

Шест месеци по пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово во кој изгореа 14 лица, Обвинителството информира дека во тек е фаза на анализа на сите прибрани докази. Според нивната информација, уште е потребно да се работи на целосно утврдување на фактите во предметот за да се донесе одлука околу евентуална кривична одговорност.

„Во предметот во континуитет се преземаат дејствија во рамките на предистражна постапка со цел да се утврдат сите факти и околности. Во таа насока, беше наредено вештачење од МВР Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења (ОКТИВ) кое Обвинителството веднаш го објави и кое се однесува на директните причини за самиот пожар. Беа наредени и извршени уште две вештачења -од Технолошкиот факултет и од стручно лице – електроинжинер“, се вели во соопштението на Јавното oбвинителство.

Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој билe приклучени дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Во тој период беше побарана помош во истрагата од експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција на Германија, чиј извештај дојде во јануари 2022 година.

„По меѓународна правна помош беше побарано вештачење од германските експерти, а пристигнатиот извештај, во поглед на директните причини за настанување на пожарот, не се разликува многу од она што го утврдија стручните лица од од МВР – Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења (ОКТИВ). Сепак, сите извештаи се анализираат во корелација со останатите прибавени докази, како и со вербалните искази на сослушаните сведоци и други лица кои имаат сознанија за настанот. Анализата на сите прибрани докази е во тек. Јавните обвинители, по целосно утврдување на фактите во предметот, ќе донесат одлука за која јавноста веднаш ќе биде известена“, се вели во известувањето на Јавното oбвинителство.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 кога изгореа 14 лица. 

Во октомври имаше и граѓански марш од кој беше побарана одговорност за трагедијата.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе