Адвокатот во пресрет на судењето за „Рекет“

Треба ли Јовановски да се најде на список на починати притвореници за да сфатат дека е сериозно болен?, праша Дуковски

Домашната и меѓународната јавност да биде информирана за нечовечкиот третман на тортура кој се случува со здравствената состојба на Бојан Јовановски, предупредува неговиот адвокат Сашко Дуковски. Тој вели дека не може ни да подготви одбрана за „Рекет" бидејќи здравствената состојба на обвинетиот не овозможува тој да комуницира нормално.

„Комуникацијата со мојот клиент оди тешко и малку беше потребно да го откажам полномошното. Јас никогаш до сега не сум се појавил на судење неподготвен и тоа нема да се случи ниту сега, но здравствената состојба на Бојан Јовановски е лоша и не ми дозволува да се подготвиме за рочиштето за „Рекет" кое е закажано за 3 декември, истакна денес адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дуковски.

„Неговата состојба е животнозагрозувачка и тој нема грип па да можете да го лечите со парацетамол. Има сериозни компликации за кои е потребно болничко сместување. Бојан Јовановски има сериозни дијагнози, јавниот обвинител го виде истото и тоа беше прилично мачна и грозна сцена човек да ви повраќа пред очи цели 15 минути, не знам што друго треба да се случи за да сфатат сериозно надлежните. Треба ли нога или рака да му исечат, да се најде меѓу соопштенијата на починати затвореници, па да сфатат колку е сериозно она што се случува со неговото здравје?", праша денес на прес-конференција адвокатот Сашко Дуковски.

„Бојан Јовановски до сега 30 пати бил носен од затвор на болница. Не сакам да се случи она што го имаме како штуро соопштение од Управата за извршување на санкции и нема да е подолго од една реченица и дека починал и дека се работи за виша сила. Не бараме милост, но тој е граѓанин како сите други и заслужува еднаква нега, како и останатите. Не бараме нега во приватна болница, ниту надвор од државава", предупредува Дуковски.

Јовановски е во притвор како обвинет во случајот „Рекет“ заедно со Катица Јанева и Зоран Милевски.

Судењето за овој процес е закажано за почетокот на декември. 

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе