Завршен збор на одбраната за „27 април“

Трајковски влегол во Собрание од љубопитност, не е терорист, туку депресивно растроен, рече неговата адвокатка

Обвинетиот Влатко Трајковски во Собранието на 27 април 2017 влегол од љубопитност, а не за да стори кривично дело, а пратениците и новинарите ги прскал со ПП апарат бидејќи бил исплашен и депресивно растроен. Ова во завршен збор го наведе неговата адвокатка Билјана Стојановиќ, според која, обвинетиот не бил свесен и не го сакал извршувањето на кривичното дело.

Одбраната на овој обвинет тврди дека доказите не покажале ниту дека Трајковски имал умисла да стори кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

„Трајковски ѝ помогнал на пратеничката Милева Георгиева да биде извлечена од Собранието, а за тоа има потврда и од сведок на обвинителството. Влатко не влегол со намера да изврши кривично дело, а тоа го потврди и тој во својот исказ во кој кажува дека кога пристигнал пред Собранието масата народ веќе била внатре, па влегол од љубопитност. Можеби и затоа првично кривичното дело за мојот штитеник беше учество во толпа и предизвикување општа опасност, па потоа за терористичко загрозување“, рече во завршен збор адвокатката Стојановиќ.

Таа пред судот, цитирајќи дел од обвинението, рече дека Трајковски прскал со ПП апарат кон новинари и пратеници и ја нападнал и ја удрил пратеничката Радмила Шекеринска. Ваквите наводи од обвинението адвокатката на Трајковски ги бранеше со теза дека тоа го сторил од страв, а како бивш пожарникар знаел дека пената со која ги прска немало да повреди никого.

„Трајковски се плашел, бил депресивно растроен и посегнал по ПП апаратот. Тој е бивш пожарникар и знаел дека ако прска по луѓето со пена нема никого да повреди. Како што може да заболи телото, боли и душата, а неговата душа е болна од конфликтот во 2001 и на моменти не може да ги контролира своите емоции. Трајковски не е терорист, тој е семеен човек и неговото семејство е на работ на егзистенција додека тој е во притвор“, наведе во завршен збор адвокатката Стојановиќ.

Одбраната на Трајковски од судот побара ослободителна пресуда за обвинетиот, бидејќи, според неа, доказите на обвинителството не покажале дека тој го сторил кривичното дело.

Обвинетиот Влатко Трајковски на јавноста ѝ стана познат по исказот кој го даваше во судница за 27 април кој траеше повеќе од четири часа и во кој зборуваше за настани од 1994 па се до 27 април 2017 година.

Уште во текот на доказната постапка тој на судот му приложи лекарска документација за психичко растројство, како дел од неговата одбрана за овој настан.

К.Д.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе