Нови заплети во „ТНТ“

Трајковски се жали дека е болен, Рустеми бара да му се суди одвоено оти можел да почине

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски дојде во Основниот кривичен суд, но со медицинска документација дека е болен и не може да следи судење. Судот веќе еднаш го одложи судењето за „ТНТ" поради отсуство на Трајковски и нареди денес тој да биде спроведен со полиција. Трајковски дојде сам, но со барање судење да не се одржи бидејќи имал здравствени проблеми.

Судењето за уривањето на комплексот „Космос" е одложено за 20 јануари откако новиот состав на судечкиот совет го прифати барањето на одбраната за одложување на рочиштето поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски.

Новиот состав на судечкиот совет за судењето за предметот „ТНТ" за уривањето на комплексот „Космос" на инвеститорот Фијат Цановски на самиот почеток се соочи со исти барања од одбраната и обвинителството.

Судот даде пауза од 20 минути, за да одлучи по барњето на одбраната за одложување на постапката бидејќи обвинетиот Тони Трајковски е под терапија, по што обвинителот побара раздвојување на постапката за обвинетиот.

Адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски на почетокот на денешното рочиште, реагираше дека неговиот клиент е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.

Од доставената медицинска документацијата може да видите дека ваквата состојба нема да трае долго, пет до десет дена, изјави Страшевски.

Обвинителот Бурим Рустеми, поради ваквите околности побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски.

„Сметам дека поради економичност на постапката постојат услови за раздвојување на постапката за обвинетиот Тони Трајковски со цел да се искористат веќе закажаните рочишта. Не дај Боже, може да почине. Не може да му се суди во истата постапка, затоа барам и раздвојување“, изјави Рустеми.

На ваквиот предлог од обвинителот, одбраната реагираше дека не може да се води постапка против поттикнувачи со раздвојување на постапката за обвинетиот извршител на делото.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ" се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе