Нови сомневања за „Рекет“

Tрајковски: Јанева го повлекла обвинението против Амзоски, по што следувала уплатата од 233 илјади евра за Јасна Мандиќ

Барам изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е застапник на обвинението заради сомневање за поврзаност со случајот „Рекет", изјави на денешното рочиште поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот „ТНТ" на Специјалното јавно обвинителство.

Трајковски во изјава за медиумите вели дека ова барање го поднел поради сомневање за поврзаност на специјалната обвинителката Јанева со Адриан Амзоски, овластеното лице на фирмата „Дрим билдинг“ од Струга. Оваа фирма исплатила 230 илјади евра на Јасна Мандиќ од НВО Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски.

„Амзоски бил и управител на фирмата ТД „Фине“ која го гради објектот „Космос“. За него општина Гази Баба поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство за градење спротивно на одобрението за градба, а ОЈО го процесуирала обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1. Јанева, пак, на нејзино барање го презела случајот и веднаш ја повлекла кривичната пријава, а по два месеца Амзоски донирал повеќе од 16 милиони денари на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски. Во фаза на закажување рочиште од страна на Основниот суд Скопје 1 по кривичната пријава, Јанева го презема случајот од колегите од Обвинителството и го повлекува тој обвинтелен акт без да достави докази. Се сомневаме за поврзаност на повлекувањето на пријавата со потпишувањето на договорот за соработка на „Дрим билдинг“ со Меѓународниот сојуз по два месеца од повлекувањето на обвинителниот акт“, изјави Трајковски.

Тој рече дека во 2017 година, кога била извршена уплатата од 233 илјади евра, фирмата „Дрим билдинг“ имала многу помал вкупен годишен приход.

Од морални причини Јанева треба сама да побара изземање од случајот ТНТ, рече Трајковски.

„Симптоматично е од каде се парите на фирмата и зошто потпишувањето на договорот со Меѓународниот сојуз следи само два месеца по повлекувањето на обвинителниот акт по започнатата кривична постапка во Основниот суд Скопје 1 против обвинетиот Амзоски“, изјави Трајковски и побара објаснување зошто Јанева ја повлекла кривичната пријава без да се изведат соодветни докази и да се изнајдат дополнителни аргументи, како и без соодветни изјави од кој било од учесниците во постапката, кои биле мотивите и дали постапувала законски.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе