Докази на обвинителство за 27 април

Трајко на вибер до Стевананџија: „Комуњариве усрани ли се или си свиркаат?“

Поранешниот собраниски спикер и претседавач со конститутивната седница, Трајко Вељаноски на вебер комуницирал и со пратеникот Димитар Стевананџија.

Во пораките испраќани на 24 февруари 2017 година Трајко пишува: „Како е работава?“. На ова Стевананџија одговара: „Тврдокорни и ратоборни“. Околу 8:17 Вељаноски го информира Стевананџија дека се чекаат насоки и важно е да се спремни. Димитар му одговара потврдно на Трајко. По ова двајцата комуницираат дека нема друг избор и дека треба добра организација. Димитар го информира Трајко дека мора да има водач, а овој одговара дека тој треба да е кредибилен.

Во пораките од 28 февруари Вељаноски го прашува Стевананџија: „Комуњариве, усрани ли се или си свиркаат?“. Стевананџија одговара: „Го искршија излогот кај Харим“. Трајко возвраќа: „Покрај тебе и Крсто немам гајле зад воланот“.

Во комуникацијата од 18 март Стевананџија му вели на Вељаноски:„Мумии“. На ова поранешниот собранискиот спикер возвраќа: „Како Талат“. Димитар пишува: „Па, нормално“. На ова Вељаноски возвраќа: „Животот е тркало, што правиш, тоа ќе ти прават“. На ова Стевананџија возвраќа дека треба повеќе поезија и да грмел патриотизам преку блутут.

Ниту Вељановски ниту Стевананџија не се меѓу обвинетите лица за собраниското насилство од 27 април минатата година. Судењето е во тек со читање пораки од мобилниот на Вељаноски.

К.Д

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе