Во Кривичен суд

„Топлик“ одложен за 17-ти мај, денеска не дојде судијата Ставрев

Случајот „Топлик“ за продажбата на државното земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште ќе продолжи на 17 мај, а денешното рочиште беше одложено поради отсуство на судијата Огнен Ставрев.

На денешното рочиште во судница присутни беа првоосомничениот во случајот, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и другите петмина обвинети, како и повиканите сведоци.

На следното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци.

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителот Бурим Рустеми од СЈО.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе