Основен кривичен суд Скопје

„Титаник“ се одложува, утре завршни зборови за „Тендери“

Главната расправа за случајот „Титаник“ која беше закажана за утре се одлага за 24 август, а утре ќе се одржи расправа со завршни зборови за предметот „Тендери“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, насрочена за 13.07.2021 година, се одлага со оглед да истовремено е насрочена и расправа по предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендeри“ по кој постапува истиот судечки совет и за која расправа е предвидено да се започне со давање на завршните зборови. Следната расправа за предметот „Титаник“ е насрочена за 24.08.2021 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката“, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе