Во Кривичен суд

„Титаник“: Одбраната побара одлагање на рочиштето поради „Рекет“, судијата Шабани не дозволи

Одлагање на рочиштето за предметот на СЈО, „Титаник“ побара денеска одбраната на обвинетите, поради, како што рече адвокатот Петар Василев, новонастанатата ситуација со случајот „Рекет“ и оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Но, според судијата Осман Шабани, нема законски пречки за одржување на рочиштето.

На денешното рочиште се појави обвинителката Лиле Стефанова кој ги изведуваше доказите за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

„По новонастаната ситуација, сметам дека е доволна причина да се одложи денешното рочиште. Нема никаква намера за одолговлекување. Чисто како можност за предметот и правдата да се даде да се расчистат некои работи. Алудираме и на оставката од Катица Јанева“, рече адвокатот Василев.

Судијата Шабани, пак, одговори дека нема законски пречки за да продолжи судењето на кое денеска се изведуваат докази.

„Зборуваме за предмети кои се во надлежност на друго обвинителство. Што ќе се докаже и што ќе се случи, ќе видиме. Нема законски пречки за одржување. Ако одлагаме, може да упаднеме во истрагата. Оставката е констатирана и условена со други дејства што треба да се направат. Нема правни пречки да продолжиме денеска”, рече Шабани.

Денеска во судница се присутни и сите обвинети, а дел од нив имаат нови бранители поради летните одмори.

На почетокот, судијата Осман Шабани соопшти дека тој не добил решение дека Миле Јанакиески е во куќен притвор. Јанакиески за разлика од минатиот пат, сега е донесен на судењето.

Последното рочиште за овој предмет не се одржа, а беше закажано за 26 јуни. Инаку, во „Титаник“ на СЈО, има 20-тина обвинети, вклучувајќи го и Никола Груевски, кој сега е азилант во Унгарија. На денешното рочиште спроведени се Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Мунир Пепиќ, а присутни се и Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска, Едмонд Темелко и останатите. Сите тие, освен за злосторничко здружување, се товарат и за тешки изборни нерегуларности.

 

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе