Пересуда во Кривичниот суд

„Титаник 3“: Исмет Гури и Ејуп Алими добија затвор по 3 години и шест месеци

Исмет Гури и Ејуп Алими, обвинети во случајот „Титаник 3“ добија казни затвор од по 3 години и шест месеци за изборни нерегуралности во Чаир за време на локалните избори одржани во 2013 година.

Пред објавување на пресудата судијката Марија Клетничка образложи дека обвинетите преправиле списи, записници за гласање, сумирање и утврдување на гласовите, при што додавале и одземале гласови на повеќе избирачки места.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше вратена од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка. Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Судијката нагласи дека во текот на целата постапка е почитувано правото на правичност и секој обвинет има право да ги искористи сите граѓански права и обврски кои му следуваат, како и има право на судење во разумен рок.

Во писмено изготвената пресуда судијката нагласи дека ќе се осврне и на сите забелешки на одбраната за било каков притисок врз судот.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба во рок од 15 дена од писменото добивање на првостепената пресуда.

Обвинителката Фатиме Фетаи наведе дека по изречената пресуда за обвинетите и останува обврската во насока на минимизирање на опасноста од бегство и сериозноста на кривичното дело кое според неа упатува на сериозност од бегство,
да побара мерки на претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште и одземање на патна исправа.

„Да бидат изречени мерки на претпазливост, односно мерка забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште и одземање на патната исправа. Имајќи го предвид профилот и целокупната состојба на обвинетите, напуштањето на живеалиштето не се коси со нивното работно место и оваа мерка е единствена која може да даде резултати. Втората мерка, односно одземање на патната исправа ќе даде конкретен резултат кога состојбата со ковид-19 ќе се нормализира", рече Фетаи.

Адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува Исмет Гури рече дека во однос на потребата од било какви мерки, обвинетиот е лице кое е под мерките не Владата за ограничено движење, па според него непотребна е мерка за напуштање на живеалиште или одземање на патната исправа.

„Ова постапка се води неколку години, а обвинетите не побегнаа така што сметам дека нема потреба со досегашното нивно однесување и постапување да им се изрече било каква мерка на претпазливост", нагласи адвокатот Миланов.

Адвокатот Мефељ Аслани кој го застапува Ејуп Алими пред судот рече дека се противи на ваквиот предлог на обвинителката Фетаи бидејќи предметот се водел 4 години и неговиот клиент ниту едно рочиште не отсуствувал и нема никаква опасност дека ќе побегне.

Судот даде пауза по што ќе донесе одлука по предлогот на обвинителството.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе