Ќе се постапува по дописот на државниот јавен обвинител

Тимот на Јанева ќе му ги предаде предметите на СЈО на Јовески

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека ќе постапи по дописот на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески и ќе му ги предаде предметите на ЈО. Во официјалното соопштение што го испратија СЈО се вели дека тимот обвинители се подготвени веднаш да ги предадат предметите по кои постапуваат со сите списи и докази.

„Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за. Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите , неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази", се вели во официјалното соопштение од СЈО.

За останатите детали околу примопредавањето од СЈО велат дека јавноста дополнително ќе ја известат.

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе