Кривичен суд

Tаткото на Боки 13 осуден на казна затвор од шест месеци за физичката пресметка со соседот свештеник

Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски - Боки 13, e осуден на казна затвор од шест месеци, откако претходно призна вина за физичката пресметка со соседот, свештеникот Виктор Стојчев.

Миле Јовановски денеска не беше во судницата на изрекување на пресудата.

Тој беше обвинет за тоа дека на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.

На претходното рочиште Миле Јовановски призна дека на Божик во 2017 го тепал со боксови и клоци неговиот прв сосед свештеникот Виктор Стојчев и оти му нанел тешки телесни повреди.

Јовановски беше обвинет за кривичното дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот законик, за што казната е од 6 месеци до 5 години затвор.

 

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе