По распитот кај Русковска

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски ги поздрави новинарите со „Среќна нова ’49“

По едночасовен распит кај обвинителката Вилма Русковска, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, рече дека не чувствува вина за случајот со Меѓународниот сојуз, каде е осомничен за перење пари и измама и ги поздрави новинарите со: „Среќна нова ’49”.

Јовановски пред новинарите не сакаше да даде изјава и рече дека не знае дали е завршена истрагата, но најави прес-конференција која, најверојатно ќе се одржи наредната недела.

По Миле Јовановски, денеска треба да биде сослушан и неговиот син Бојан Јовановски, кој со полиција треба да биде спроведен од затворот во Шуто Оризари, каде што издржува мерка притвор, а на распит треба да се појави и асистенката Христина Блажевска.

Тие се обвинети за перење пари, за што го користеле Меѓународниот сојуз.

Во случајот осомничени се и пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, и асистентката во сојузот, Христина Блажевска.

Обвинителката Русковска, која го води случајот „Рекет“, пред неколку дена изјави дека очекува во јануари да биде поведено обвинение и за случајот со Меѓународниот сојуз.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе