Судење Монструм

Таткото на убиениот Александар: Додека ДУИ е на власт, случајот нема да се реши

На 1 јули ќе продолжи рочиштето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Судењето беше одложено поради необезбедено присуство на двајцата сведоци што денеска требаше да дадат исказ. За сведоците Драги Ивановски и Диме Весков побарано е полициско приведување.

Двајца сведоци за случајот „Монструм" не беа спроведени во Кривичниот суд, а полицијата не го известила судот зошто не се спроведени, па рочиштето се одложи.

За време на судењето судијата Осман Шабани телефонски побара информација од полициските станици Бутел и Гази Баба зошто не се донесени да сведочат при што доби одговор дека Драги Ивановски бил недостапен, куќата која била наведена за неговата адреса била продадена.

Недоаѓањето на сведоците предизвика револт кај родителите на убиените деца.

Горан Наќевски, татко на убиениот Александар, на судот рече дека додека ДУИ е на власт случајот нема да се реши и ќе се одложува со години.

„Ние ги знаеме функционерите на ДУИ, Сафет Незири, Бујар Османи, Невзат Бејта, Беким Незири, рече Наќевски.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе