Завршни зборови на обвинителството за еден од најголемите судски предмети

„Таргет-Тврдина“ не е крими роман, туку реална афера за која главното прашање е кој стои зад овој скандал

Зоран Заев, Вице Заев, Зорица Заева, Валентин Зафиров, Ѕвонко Давидовиќ, Димитар Апасиев, Зоран Трајковски, Горан Михајловски, Александар Дамовски, Жана Поповска-Божиновска, Јадранка Костова, Оливера Трајковска, Синиша Алексовски, Андреј Жерновски, Душица Мрѓа, Слободан Богоевски, Фросина Ременски...Ова се дел од имиња и е само мал дел од листата на оштетени кои денес во завршен збор за случајот „Таргет-Тврдина ги прочита обвинителот Трајче Пеливанов.

Меѓу нив има политичари, членови на нивните семејства, новинари, адвокати, обвинители, градоначалници... , а нивните имиња денес влегоа и во обвинителниот акт како оштетени лица во една од најголемите афери во државава.

Обвинителката Ленче Ристовска која заедно со Пеливанов се застапници на ова обвинение, започна со 1992 година споменувајќи за аферата „Дувло" и посочи дека за овој случај разрешница нема. По ова ги спомена и аферата „Големото уво" за која обвинетите се аболицирани.

Предметот „Таргет-Тврдина" обвинителката го спомена од 2008 година за која посочи дека во зградата со број 3 во кругот на МВР на 4 кат се наоѓал системот за следење.

Главното прашање според обвинителката не е како се прислушувало, туку кој стои зад скандалот со прислушувањето.

„ Во 1992 отворена е аферата Дувло и за оваа афера разврска нема. По ова се отвора аферата „Големото уво " за која обвинетите се аболицирани. Во 2006 со Закон за следење на комуникациите точно се регулирани условите и постапката за следење, а за тоа неопходна е наредба. Во 2008 во УБК, зграда број 3 во кругот на МВР, на 4 кат се наоѓа системот за следење, во една прилика Ѓорги Лазаревски со кабел го поврзува системот и успева да се поврзе и ги копира фајловите и информациите за пристап до одредени таргети. Ги обработува и успева да ги отвори броевите, ги споредува со базата на Мобимак и така доаѓа до сознанија дека се прислушуваат новинари, армијата, владата", рече обвинителката Ристовска во завршни зборови за овој предмет.

За имињата и презимињата на таргетите за прислушување постоеле псевдоними, Зоран Ставревски бил Кум, Бранко Црвенковски бил Крт... , а за дел од таргетите се користеле и иницијали.

Во 2010 Звонко Костовски го снима првото Це-Де, и му ги дава на сведокот Лазаревски, па го копира на хард диск и го предава на Верушевски.

„Во 2013 година, Заев е избран за претседател на СДСМ и од Зоран Верушевски за прв пат е известен дека постои вакво нешто. Известен е и како се добиваат овие материјали, а се уверил во автентичноста на истите, па ги предава во СЈО", посочи обвинителката Ристовска.

Во 2015 години, системот за следење ќе се уништи два пати, а на 27 март истата година системот за следење на комуникации е исклучен и изваден е на 4 кат од зградата на МВР.

По наредба на обвинетиот Горан Грујевски, обвинителката Ристовска посочи дека системот о тежина од 3 тона е разглобен и симнат од зградата на МВ , уништени се со хидраулична преса, а потоа и доуништени. 

Обвинителката цитирајќи ги сите овие реченици од завршниот збор, посочи дека не се работи за сценарио од филм, ниту за крими роман, туку за афера за која постојат материјални докази, а и искази на сведоци кои тоа го потврдиле.

(Судењето е во тек) 

                                                                                                                           К.Д.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе