„Талир“ се одложи, Наум Стоилковски бил болен

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се разболел и не дојде на денешното рочиште на судскиот процесот „Талир"., пренесе Слободен Печат. Овој процес се однесува за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој денеска од судијата во предметот Осман Шабани доби рок од три дена да достави медицинска документација дека бил болен.

Во спротивно, рече Шабани, ќе бидат преземени сите законски мерки. И вториот претставник на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев не дојде денеска во суд.

Јанушев до пред три дена беше Генерален секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзин пратеник во републичкото собрание.

Адвокатот Дончо Наков кој во судница го застапува правното лице ВМРО-ДПМНЕ рече дека добил ивестување од партијата дека Јанушев од пред два дена не бил веќе член на партиските тела и со тоа не можел да ја претставува партијата на суд.

Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари Никола Груевски за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари и други приноси од казниво дело. На Груевски му се суди во отсуство. За истите две кривични дела обвинети се и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор. Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за перење пари и други приноси.

Обвинета беше и Елизабета Чингаровска, која призна вина. Партијата ВМРО-ДПМНЕ како правно лице е обвинета за перење пари и други приноси.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе