Основен суд Скопје 1

„Талир“ одложен поради отсуство на адвокатот на ВМРО-ДПМНЕ

Судењето за предметот „Талир" на Специјалното јавно обвинителство се одложува за 2 април поради отсуство на бранителот на правниот субјект ВМРО-ДПМНЕ. „Талир" се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ и како нејзин застапник на денешното рочиште присуствуваше портпаролот Наум Стоилковски, кој од судот побара одложување на денешното рочиште бидејќи, како што рече, не сака да настапува без правен застапник поради отсуството на адвокатот на правниот субјект кој го застапува.

Судијата Осман Шабани рече дека денешното рочиште ќе се одложи, но предупреди дека во иднина вакви одложувања нема да бидат прифатливи.

„Ве предупредувам да си ги планирате обврските. Ги знаете термините. Нема да прифатам одлагање од било каква причина. Секое одложување ќе биде санкционирано, само виша сила ќе може да ги одложи“, изјави Шабани.

Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања" и „перење пари", како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари". За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетиот Илија Димовски, бидејќи како пратеник и шеф на собраниската делегација во Парламентарното собрание на НАТО учествувал на заеднички состанок на комитетите во Брисел.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

СЈО поднесе уште еден обвинителен акт за предметот „Талир" што се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе