Судењето никако да почне

„Талир“ одложен по осми пат

Судењето за „Талир“ повторно се одложи. Причината и денес е иста како од минатото одложување, односно поради отсуство на поротничка.

Ова е осмо одложување на овој предмет, а закажани до сега беа девет. Само на едно од рочиштата беше утврден идентитет на обвинетите, и беше одлучено на Никола Груевски да му се суди во отсуство. Сите други закажани рочиштата, вклучително и ова од денес беа одложени.

На рочиштето не стаса ниту претставник на партијата ВМРО-ДПМНЕ за кого адвокатите дадоа оправдување дека бил на пат кон судот. Следното рочиште е закажано за 12 септември. За новиот датум за следното закажано рочиштете негодуваше обвинетиот Илија Димовски кој на судијата Осман Шабани му рече дека во септември имале 10 закажани рочишта за „Титаник“. Судијата Шабани му укажа дека не можело заради „Титаник“ да не се одржува „Талир“.

Предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ за што се обвинети Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес сѐ уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

К.Д.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе