Докази на обвинителството

„Свири бе брат, алал да ти е за денес", му пишал на вибер Јанакиески на Мукоски на денот на упадот во Собрание

Обвинетиот пратеник Крсто Мукоски на 27 април комуницирал преку вибер и со Миле Јанакиески. Ова го покажа вештачењето на мобилниот телефон на Мукоски кое денес го презентира обвинителката Вилма Рускоска.

Комуникацијата помеѓу Мукоски и Јанакиески почнала во 12:42. Мукоски му пишува на Јанакиески порака со содржина: „Заев се јави процедурално??!!!!“. По помалку од еден час Јанакиески му возвраќа на Мукоски: „Одете по нив, кај и да се движат“. Следната порака Јанакиески на 27 април му ја праќа на Мукоски во 17:59 со содржина: „Свири бе брат“. Дваесет минути по ова Јанакиески му праќа на Мукоски нова вибер порака со содржина : „Алал вера за денес брат“. Шест минути по ова Мукоски му враќа : „Фала ти, мора малку да е тензично надвор, за да се префрли фокусот надвор“. Миле одговара со две „да“.  Мукоски го известува Јанакиески дека камерите се тука и тензично било цело време. Јанакиески му праќа вибер порака на Мукоски во 18:37  со содржина:„Да му застаниш на овој што чита пред него. Пред него застани си“. Мукоски една минута потоа му враќа : „Ќе напраиме проблем, нека почнат тие први“. Јанакиески на ова враќа со порака да се качат во прес-салата каде што е Заев.

Судењето е во тек со презентирање на нови пораки кои се дел од доказите на обвинителството против обвинетите.

К.Д.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе