Казната да биде порака

Свирепото тепање не е начин за комуницирање на младите, порача судијката што изрече затвор за убиството на Саздовски

Пресудата за убиството на Никола Саздовски која е речиси еднаква на годините на обвинетите лица да биде порака за младите дека свирепоста не е начин на кој тие треба да комуницираат, порача денес судијката Даниела Алексовска-Стојановска. Таа пред да ја изрече пресудата за кривичното дело убиство на свиреп начин образложи дека доказите покажале дека обвинетите му нанеле телесно и душевно страдање на Саздовски. 

„Неспорно е дека обвинетите го тепале Никола Саздовски и дека ударите продолжиле дури и откако тој паднал на земја. Сведок на настанот била малолетничка која ја видела цела ситуација. Настанот се случил среде бел ден пред очите на јавноста. Крвавиот чин не претставува чин на платно, ниту е театарска претстава. Тоа е реален настан. Психијатриското вештачење покажа дека обвинетите не страдале од никакво прихичко растројство, биле свесни за настанот и можеле да ја сфатат неговата тежина“, појасни судијката Алексовска-Стојановска.

Таа додаде дека починатиот Саздовски трпел болка за време на тепањето, бил удиран 16 пати и починал од насилна смрт. Бидејќи обдукциониот наод не покажал кој конкретно удар ја предизвикал смртта, обвинетите кои го тепале имаат подеднаква вина пред судот. 

„Неприфатливо за судот е дека е сторено насилство, а не убиство како што одбраната се обиде да докаже. Обвинетите дејствувале заеднички и спогодбено. Отежителни околности се тоа што е одземен млад живот и одземено е основното човекото право. Олеснителни околности се тоа што обвинетите се неосудувани и изразија каење и жалење. Овде треба да испратиме порака дека сверепоста не е начин на кој младите треба да комуницираат. Родителите на двајцата обвинети загрижени доаѓаа на секое рочиште и јас сум убедена дека тие не ги учеле своите синови дека треба вака да се однесуваат. На рочиштата доаѓаа и родителите на Саздовски кои, пак, секогаш ќе имаат празнина поради смртта на нивното дете. Како што рече и таткото на Никола, за нив едно поглавје од животот засекогаш е завршено“, образложи Судијката. 

Обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири се осудени на по 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски-Саздо.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид" на булеварот „Александар Македонски" во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза".

Двајца од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје" во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Тој не е опфатен во оваа судска постапка. Пресудата за овој настан не е правосилна, и откако ќе биде изготвена во писмена форма, странките имаат право на жалба до Апелацсикиот суд во Скопје. 

Таткото на убиениот Никола, Тони Саздовски денес во изјава за медиумите изрази надеж дека второстепениот суд нема да ја преиначи или намали пресудата за обвинетите за убиството на свиреп начин на неговиот син. 

К.Д.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе