Судење за „Таргет-Тврдина“

Сведоштво на командир во МВР: „Обезбедувач на Груевски ми се закани дека јас и семејството ќе завршиме во гепек“

Изминатиот период во Кривичен суд Скопје, се поднесени 105 писмени пријави за предјавување на оштетно побарување за случајот „Тврдина-Таргет". Причините за ваквиот начин на предјавување на оштетно побарување произлезе од последната ситуација предизвикана од ковид-19, од кога се одложија неколку рочишта за овој предмет. 

Во својство на сведок на денешното рочиште за главниот предмет за масовното незаконско прислушување свој исказ даде лицето Марјан Младеновски, кој појасни дека меѓу 2008-2015 извршувал неколку задачи во МВР, меѓу кои и како командир во ПС Ѓорче Петров.

„Сум бил незаконски прислушуван 150 дена. Кога извршував работни задачи како командир на ПС Ѓорче Петров, ми се случија многу неубави работи, пред тоа имав одлична соработка со раководството на МВР. Во август 2011 требаше да одам на одмор, но не ми дадоа дозвола. Пробав да стапам во контакт со министерката Гордана Јанкулоска, преку началникот на СВР Скопје, но не успеав. Потоа и преку градоначалниците на Ѓ. Петров и Сарај, и сомнежот произлезе од кога ме контактираше еден од обезбедувањето на поранешниот премиер, Никола Груевски. Тој ми се закани дека ако ја кажам информација за која имам проблем, на мене и на моето семејство не ни се пишувало добро и дека ќе завршиме во гепек“, рече сведокот.

„После неколку дена влезе полициски службеник и ми рече „ти уште си командир, а јас славам за твојата смена", рече сведокот Младеновски, која најави оштетно побарување.

Слични проблеми сведокот Младеновски, рече дека имал и со еден член на обезбедувањето на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Одбраната на обвинетите приговараше на овој исказ на сведок со образложение дека тоа што го кажа сведокот не е предмет на судење.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе