Сведокот Верушевски не дојде во судница, „Таргет-Тврдина“ одложено за 23 септември

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ е одложено за 23 септември, бидејќи не се појави сведок предложен од СЈО. Судијката Џенета Бегтовиќ на почетокот на денешното рочиште информира дека сведокот Зоран Верушевски не е присутен, наспроти напорите на судот да го извести на адресата на живеење и на работното место во Влада.

Предметот „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беше сослушан сведок вработен во УБК, предложен од СЈО.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои што воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви, а прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, но поради нивната поврзаност беа споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Во овој случај обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои имаат политички азил во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.
 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе