Судскиот совет нема да поведе постапка против Кацарска

Судскиот совет на Република Македонија, нема да поведе постапка за утврдување на одговорност против судијата Добрила Кацарска, за изјавата дадена од обвинителката (сведок) Лиле Стефанова, во случајот „Рекет”, дека таа вршела притисок врз неa за предметот „Империја”.

„Заради заштита на личноста и интегритетот на судиите, Судскиот совет на Република Македонија во врска со поднесеното барање  од судијата на Основен кривичен суд Скопје Добрила Кацарска, кое се однесува на дадениот исказ во својство на сведок од страна на јавниот обвинител на Основно јавно обвинителство – Радовиш, Лиле Стефанова во постапката по предметот со кодно име „Рекет“ ја известува јавноста дека пред Судскиот совет на Република Македонија досега не е поведена постапка за утврдување одговорност, ниту пак е поднесена претставка против судијата Добрила Кацарска за конкретниот случај“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Претседателот на Судски совет, Киро Здравев, во понеделникот изјави дека на 31 јануари до Судски совет, е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет. Според претседателот Здравев,  оваа е првпат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе