Судскиот совет ќе расправа за одговорност на судии и на врховни судии

Судскиот совет денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред се одлуките за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот согласно Законот за судови, Одлуката за формирање на Комисија за изработка на Деловник за работа на Судскиот совет, Извештајот на Комисијата за проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на кандидатите за судии, а ќе бидaт разгледани и оценети извештаите за работата на судовите во Македонија за првото тромесечие за 2019 година.

Членовите на Судскиот совет треба да ги разгледаат поднесените барања за утврдување на одговорност за судија.

Дел од медиумите објавија дека на дневен ред ќе биде и разрешувањето на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, како и на уште двајца врховни судии, кои заедно надгласаа двајца колеги во кривичниот совет на Врховниот суд со што му го укинаа притворот на тогаш избеганиот Сеад Кочан во врска со предметот на СЈО.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе