Судскиот совет ја разреши судијката која што го осуди бегалецот Миле Хаџиски

Судскиот совет разреши судија, а поради почитување на начелото на презумција на невиност нејзиното име официјално не беше соопштено. Според неофицијални информации се работи за Татјана Михајлова. Оваа судијка го водеше предметот за убиството на Мери Јошевска, а го судеше бегалецот Миле Хаџиски. Михајлова беше и поранешната в.д. претседателка на Основниот кривичен суд. Таа беше и судечкиот судија во случајот на СЈО, "Насилството во Центар".

Откако на почетокот на 2018 година, од Одделението за организиран криминал беше прераспоредена во Одделението за прекршоци, овој предмет беше распределен кај друг судија. 

Хаџиски повеќе од 20 години беше во бегство пред да биде екстрадиран во Македонија од Франција. Кривичниот суд во Скопје во декември 2015 година го осуди Хаџиски на 20-годишна затворска казна, а на чело на советот кој ја донесе одлука стоеше токму Михајлова.

„На денешната седница имавме посебна точка, утврдување на одговорност на судија и одлучивме дека се разрешува. А поради потреба на Судскиот деловник во однос на АКМИС. Не можам да ви кажам ништо повеќе. Да ја почитуваме презумцијата на невиност, па кога одлуката ќе биде правосилна, ќе може официјално да се зборува. Разрешувањето е поради нестручно работење на судијата", рече претседателот на советот Киро Здравев.

За тоа колку други постапки има за разрешување на судии, Здравев одговори дека до сега разрешени биле повеќе судии, исто така поради нестручно и несовесно вршење на својата функција.

„Се преземени сите конкретни дејствија и чекори да не дојде до ова. Секој судија е надлежен за своите предмети, исто како што претседателот на судот треба да води грижа за незаконито постапување на судиите", додаде Здравев.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе