Апел од коалиција „Сите за правично судење“

Судовите да ги почитуваат човековите права за време на пандемија

Судовите и правосудните институции да вложат дополнителни напори за почитување на човековите права во време на пандемија, како би се обезбедило фер и правично судење за сите граѓани согласно највисоките меѓународни стандарди за фер и правично судење, апелираат од коалицијата „Сите за правично судење".

Коалицијата ги поздравува напорите за заштита од ковид-19 од страна на правосудните институции и судовите, преземени како не би се изложиле граѓаните на ризик за зараза од вирусот, но воедно предупредува дека мерките за заштита не смее да го попречуваат правото на правично судење.

„На 20.10.2020 на веб страната на Основниот кривичен суд Скопје беше објавен Протокол за спроведување на мерки за заштита од ковид-19 во судовите, со кој се предвидуваат низа мерки кои се однесуваат на сите вработени, но и на сите странки и граѓани кои влегуваат во судот. Веќе истиот ден од страна на Коалицијата Сите за правично судење е нотирано дека во одредени судови, лица во својство на јавност, вклучувајќи и претставници на невладини организации кои се препознаени како стручна јавност согласно процесните закони, врз основ на овој Протокол се спречени да присуствуваат и да ги набљудуваат судските рочишта, со образложение дека нема доволно простор во судницата како би се обезбедило соодветна физичка дистанца помеѓу лицата кои што се во истата. Во таа насока, Коалицијата Сите за правично судење ја истакнува својата загриженост поради потенцијалното влијание кое вака изготвениот и на овој начин донесен Протокол може да го има врз правото на правично судење, и тоа од повеќе аспекти, се вели во соопштението од Коалицијата „Сите за правично судење".

Протокол, се вели во соопштението, е објавен само од страна на Основниот кривичен суд Скопје и воедно воопшто не е наведено кој орган, тело или институција го има донесено, туку само е наведено дека истиот е изготвен од страна на Здружението на судии, а објавен од страна на Основниот кривичен суд Скопје.

„Оваа ситуација повлекува низа прашања во однос на транспарентноста и независноста на судската власт. Во овој контекст, иако Здружението на судии е професионална организација сочинета од судии, сепак истото е само граѓанска организација, односно здружение на граѓани, па така истото не е препознаено како тело, институција или орган кој на било каков начин може формално да влијае врз судската власт и да носи обврзувачки акти за сите судови во земјата, директно навлегувајќи во овластувањата на Судскиот совет“, стои во соопштението од Коалицијата.

Дополнителна загриженост, реагираат од Коалицијата, предизвикуваат и самите мерки кои се наведени во Протоколот, а кои даваат широки овластувања на судиите да ја ограничат, па дури и целосно да ја отстранат јавноста од постапките, спротивно на законските, уставните и меѓународните одредби кои се однесуваат на правото на фер судење.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе