Кривичен суд

Судот прифати да се врши психијатриско вештачење на починатиот Саздовски

Барањето на одбраната за психијатриско вештачење на починатиот Никола Саздовски беше прифатено од судот, а новото рочиште е закажано за 28 март. До тогаш психијатар ќе треба да даде наод за интензитетот и степенот на страв и дали оштетениот трпел болки и последици од ударите. Ваквото барање на одбраната, адвокатот на семејството Саздовски го нарече небулозно, но судот го прифати.

На ова судење им се суди на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо. На денешното рочиште вештачењето на вештакот Златко Јачоски покажа дека Саздовски починал од силни удари во пределот на главата, а не како последица од падот и удар со глава во кутија, за која вештакот рече дека била пластична.

На денешното рочиште се изведува дополнителни докази по реконструкцијата на настанот. Според вештакот, сега покојниот починал по серија силни удари во пределот на главата во период од 60 до 90 секунди, а не од пад или удар на асфалт или кутија. На телото не се констатирани никакви повреди од пад на тврда подлога, што е наведено и во претходните вештачења и искази пред овој суд, истакна вештакот.

Случајот го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска.

По неколкучасовно распрашување на вештакот, бранителот Насер Рауфи побара дополнително вештачење за болката и интензитетот на страдање на сега починатиот.

Адвокатот на семејството Саздовски, Ванчо Шехтански, рече дека ова барање е небулозно, дека е провокација во присуство на родителите на починатиот Никола Саздовски да се бара негово психијатриско вештачење. Сепак, судот го прифати барањето на одбраната и на закажаното ново рочиште на 28 март ќе се разгледува и тоа вештачење, ако воопшто некој психијатар прифати да го прави тоа.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда. Од добиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе