За случајот „Рекет“

Куќен притвор за Јасна Мандиќ

На потпретседателката на невладината организација Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ судот и одредил куќен притвор, изјави нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ. Мандиќ вечерва беше донесена на распит кај судија на претходна постапка како осомничена во новата истрага за „Рекет" која беше отворена денеска.

„Притворот се бараше по сите три основи. Судот објективно заклучи дека се исполнети условите за ефективен притвор и предложи куќен притвор. Ние нема да се жалиме на оваа одлука. Таа се сомничи за измама и перење пари, главно за помагање“, изјави нејзиниот адвокат.

Русковска истакна дека од еден осомничен во претходната постапка имало тенденција за спогодба, но до тоа сепак не дошло. Русковска истакна дека ОЈО обезбедило докази за трагата на парите во аферата „Рекет".

„Имам издадено наредба на три локации да се изврши претрес кај три лица. Утре за сите осомничени од првата притворена група во „Рекет" ќе побараме продолжување на мерката притвор", рече Русковска.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе