Судот одреди притвор за сопственикот и раководителот на „Дурмо турс“

Судија на претходна постапка вечерва му одреди притвор на сопственикот на „Дурмо турс", како првоосомничен за автобуската несреќа кај Ласкарци.

Како што информираат од Кривичниот суд, притвор доби и раководителот на фирмата кој е второосомничен, додека на третоосомничениот, едно од лицата одговорни за технички преглед, му е одредена мерка куќен притвор.

За четвртоосомниченото лице, исто така одговорно во „Дурмо турс“ за технички преглед, се прифатени бараните мерки на претпазливост од ОЈО, а за другите тројца, меѓу кои и возачот, постапката во Судот се уште трае.

Јавниот обвинител од ОЈО – Скопје Сашо Рајчев денеска на прес-конференција, изјави дека возењето со брзина над дозволената, како и техничката неисправност на автобусот на „Дурмо турс" се главните причини за сообраќајката кај Ласкарци во која загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.

Сообраќајката кај Ласкарци се случи пред еден месец и однесе 15 жртви од кои дел починаа на лице место, а дел во болница поради тешките повреди.


Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе