Судот одлучи: 30-дневен затворски и еден куќен притвор за осомничените за продажба на плацеви на ЕВН

Судија на претходна постапка, ценејќи ги фактите приложени во предлогот, донесе решенија со кои делумно го прифати предлогот и на четворица од обвинетите им определ мерка притвор во траење од 30 дена, на еден му определи куќен притвор, додека на една обвинета и определи мерки за претпазливост.

Постапувајќи по предлог на Основнотo јавно обвинителство Скопје, а во однос на истражната постапка за која обвинителството информираше во текот на денот пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беа спроведени 7 лица.

По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените лица во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка, ценејќи ги фактите приложени во предлогот, донесе решенија со кои делумно го прифати предлогот и на: И.Г., М.М., Д.Т., О.Т. и В.И. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Д.Ќ, му определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1, т.2. од ЗКП односно постоење на околните кои укажуваат на опасност дека ќе ја попречат истаргата со влијание на сведоци, вешти лица, соучесници или прикривачи, известуваат од Основен Кривичен суд Скопје.

Воедно судијата го прифати и предлогот на обвинителството и донесе решение со кое на обвинетата М.И. и определи мерки за претпазливост.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе