Судот му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, денеска му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет. Веста за притворот на Панчевски, ја објавија од „Коалиција Сите за правично судење”, од каде појаснуваат дека притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС".

На денешното рочиште за предметот „АКМИС”, кој се води во ОС Велес, не се појавиле ниту обвинетиот Пачевски, а не бил присутен ниту неговиот правен застапник.

Судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат. 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе