Мерки за истрагата за 27 април

Судот му го укина притворот на Јанакиески за “Титаник“, но му забрани да комуницира со Груевски за „27 април“

Основниот суд Скопје 1 му ја укина мерката куќен притвор на екс министерот Миле Јанакиески за случајот „Титаник", а укината му е и забраната да комуницира со останатите обвинети во случајот, но и со сведоците. Но, Јанакиески останува во куќен притвор бидејќи ваква мерка судот му определи за настаните од 27 април. 

На денешното рочиште за „Титаник" Јанакиески на судијата Осман Шабани му одговори дека од пред десетина дена му е укинат куќниот притвор за „Титаник", но ваква мерка има определено за истражната постапка за 27 април.

Покрај куќниот притвор, Јанакиески за овој случај има уште една мерка а тоа е забрана за кoмуникација со останатите осомничени, односно не смее да комуницира со неговиот поранешен шеф Никола Груевски, како и со сопратијците Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Никола Бошковски. 

Денешното рочиште за случајот „Титаник" се одложи, поради отсуство на судијата Огнен Ставрев. Судењето е во фаза на изведување на материјални докази, а за неколку рочишта ќе треба да почнат и сведочењата на сведоците предложени од СЈО.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе