По приведувањето на бизнисменот

Во судот се решава дали Камчев ќе оди во притвор

Главната обвинителка на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска потврди дека бара притвор за бизнисменот Јордан Камчев, кој утрово беше приведен во полициската станица Карпош, по информациите што ги имала Агенцијата за национална безбедност дека планирал бегство. Во моментов трае распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

Во судот е обвинителката Лиле Стеанова која ги води истрагите за предметите на поранешното СЈО „Империја“ и „Плацеви на Водно“.

Камчев е осомничен во истрагата „Империја" која ја отвори поранешното СЈО. Во центарот на овој предмет се Камчев и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор откако му беше изречена неправосилната пресуда затворска казна во траење од 12 години во предметот на СЈО „Таргет-Тврдина" за масовното прислушување.

Инаку, обвинителката Стефанова, покрај „Империја" го води и предметот на СЈО за купените плацеви на Водно, за што имаше информации дека преку фирми на Камчев требало сопственост на плацеви да добие поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта.

За 18 март е закажано следното судско рочиште за предметот„Меѓународен сојуз", а тогаш предвидено е да сведочат Јордан Камчев и Агапи Дика.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе