На барање на одбраната

Судот ја одложи седницата за оценка на обвинението за организаторите на настаните од 27 април

Основниот кривичен суд во Скопје денес ја одложи седницата за оценка на обвинителниот акт за организаторите на настаните од 27 април. Одложувањето е на барање на одбраната која побарала увид во доказите.

Од судот информираат дека одбраната побарала увид во доказниот материјал бидејќи до сега ОЈО за гонење на организиран криминал не дозволил увид во доказите.

„Советот за оценка на обвинителн акт кој постапува по актот во јавноста
поврзан со „Организација на настаните од 27 – ми април 2017 год." по
барање на одбраната, денеска ја одложи закажаната седница и на одбраната
и дозволи увид во комплетниот доказен материја. Имено одбраната истакна дека обвинителството во досегашниот тек на постапката не им дозволил увид во сите списи од предметот па со цел заштита на правата на странките, судот во согласност со одбраната на 11 ти ноември дозволи во текот на целиот ден да вршат увид во списите", информираат од судот.

Од таму додаваат дека со оглед дека ниту обвинителот ниту одбраната не можат порано да присуствуваат на термини кои им беа понудени од советот, седницата за оценка на обвинителниот акт е закажана за 6 декември, 2019 година.

„Воедно на денешното барање на одбрната за присуство на јавност на седницата, советот ги извести странките дека, иако од претходно закажано, до сега никој не се обратил со барање за присуство на јавноста на конкретната седница и советот нема донесено решение за исклучување на јавноста, а по добиено конекретно барање советот дополнително ќе се произнесе, со оглед дека денешната седница беше одложена", се вели во соопштението на судот.

Основното јавно обвинителство за организација на „27 април" ги сомничеше поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски и поранешниот заменик началник во петтата управа Никола Бошковски.

За насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе