Треба да се јави во Идризово

Судот ја одби жалбата на Кочан за одлагање на затворската казна, тој поднесе ново барање

Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум месеци за случајот „Труст“ за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции од 01.07.2019 за предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“, на 12.07.2019 год. одржа седница и по ценење  на фактите и доказите донесе решение со кое ја одби жалбата на обвинетиот и го потврди решението на судија за извршување санкции“, соопшти судот.

Во истото соопштение се додава дека кај судија за извршување санкции стигнало ново барање од Кочан. 

„Воедно, кај судија за извршување на санкции доставено е ново барање за одлагање на извршувањето на затворската казна за кое е потрбно да се извршат неопходни извиди по што судија ќе одлучува, а по донесеното решение странките и јавноста ќе бидат навремено известени“, се наведува во соопштението.

Сеад Кочан на 17 јули треба да се пријави во затворот Идризово за издржување на затворската казна, а пред неколку дена беше соопштено дека се разболел и бил хоспитализиран во некоја под скопските приватни клиники.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе