Предмет „Плацеви на Водно“

Судот ги замрзна трите стана за кои обвинителството тврди дека се на Груевски

По барање на обвинителката Лиле Стефанова, која го застапува предметот „Плацеви на Водно", Кривичниот суд  донесе одлука да се замрзнат трите луксузни станови во  објектот „Панорама резиденс" на Водно, кои и според исказите на дел од обвинетите, биле чувани за поранешниот премиер Никола Груевски. Се работи за еден стан од 155 м2 со 95 м2 помошни простории и за  други два стана од по 200 м2 со големи тераси, вредни над 600 илјади евра. 

Становите се на фирмата „ССИ Инвестмент", но, според обвинетиот Орце Камчев и неговиот зет, Мето Стојчевски, тие се чувале за Груевски, а за замена за плацевите на Водно.

Овие плацеви пак, се водат на име на сопругата на бизнисменот Сергеј Самсоненко, Ирена Самсоненко, чија адвокатка на денешното рочиште побара одмрзнување на имотот на „Лајв кеар центар", фирма на Самсоненко. Од Кривичниот суд велат дека ова барање допрва ќе се разгледува, и дека ќе се одлучи откако најпрво ќе добијат став од Обвинителството.

Според обвинението за случајот „Плацеви на Водно", поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот", обвинетиот Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело".

Завршните зборови за  овој предмет  се закажани за 12 април, по што ќе биде објавена пресудата.

Инаку, викендов на  интернет беа објавени снимени телефонски разговори од минатата година меѓу бизнисменот Камчев и Груевски, а кои одбраната на поранешниот премиер ги достави како доказ, со што и стои на ставот дека се автентични, а во кои наводно Камчев тврди дека Груевски нема никаква врска со плацевите, односно дека нема да го инволвира во случајит.  Во последниот исказ пак, Камчев тврди дека становите биле чувани за Груевски.

Судијата снимените разговори не ги прифати како доказ бидејќи се незаконски прибавени, односно Груевски ги снимал на својот телефон без знаење на Камчев, што беше наведено и од одбраната на бизнисменот, како и од обвинителката.

Претходно обвинителката Стефанова, меѓу другото рече и дека ако овие разговори бидат прифатени како доказ, дека ќе треба и некогашните „бомби“ (снимените разговори кои беа доставени до Специјалното јавно обвинителство), да бидат прифатени како доказ. 

Во однос на становите, обвинителката побара по завршувањето на целата судска постапка, трите станови да бидат запленети. 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе