Кривичниот суд соопшти дека, постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка од 15 јули 2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен
суд – Скопје денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите, како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбите ги одби како неосновани, а решенијата на судија на претходна постапка ги потврди во целост.
„На 15.07.2019 год. постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против две лица кои беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти судот.