Според известувањето од Клиниката

Судијката во „Рекет“ прочита дека Боки 13 немал рак, туку хроничен гастрит

Обвинетиот Бојан Јовановски нема малигни здравствени проблеми, туку има хроничен гастрит, односно воспаление на желудникот. Ова денес го констатира судијката Васка Николовска-Масевска на судењето за „Рекет“ читајќи го известувањето од лекарот од Клиниката за гастро во Скопје кој вчера го прегледал обвинетиот. Судијката прочита дека Јовановски нема малигни елементи во неговата здравствена состојба, туку дека има хроничен гастрит. 

Јовановски не се повлекува од тврдењето дека е многу болен, дека има рак и дека неговата здравствена состојба е животно загрозувачка. 

На сите рочишта за случајот „Рекет“ тој тврди дека не се чувствува добро, дека има болки и не изостава да се пожали или пред, или на крајот на судското рочиште. 

Неговиот адвокат Сашко Дуковски тврди дека Јовановски откако е во притвор во Истражниот затвор во Шутка бил на прегледи 60 пати, и дека било утврдено дека тој има сериозни здравствени проблеми кој му го загрозуваат животот. 

Но, ниту Јовановски, ниту Дуковски не успеаја да ја убедат судијката дека обвинетиот е болен, па таа денес повика пак лекари, а веќе утре обвинетиот треба да го прегледа и дигестивен хирург.

Судницата во Основниот кривичен суд во Скопје за момент денес беше претворена во лекарска соба во која влегоа тројца доктори од Итната медицинска помош со торби во рацете и го прегледуваа Боки 13. 

И тие го поддржаа ставот на судијката дека Јовановски може да го следи судењето за „Рекет“. Но, обвинетиот продолжи да тврди дека одвај зборува и дека не може активно да учествува во изведувањето на доказите. 

По неколку часа, на крајот од изведувањето на доказите Јовановски стана и приговараше на се што беше изведено како доказ, а се однесуваше на испраќани пораки, бидејќи, како што рече тој пораките воопшто не биле поврзани со обвинителниот акт. 

К.Д.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе