По неколку опомени за нарушување на текот на судењето

Судијката го отстрани Боки 13 од судница

По неколку предупредувања дека го нарушува текот на судењето судијката Софче Гаврилова-Ефремова, го отстрани од судница првообвинетиот Бојан Јовановски-13.

Оваа одлука на судијката Гаврилова Ефремова на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз" уследи откако обвинетиот Јовановски и се обрати на судијката „дека ќе ја отстранат и затоа е сервилна".

„Заради нарушување на редот во судницата и крајно навредување, и непочитување на судот, обвинетиот Бојан Јовановски се отстранува од судница“, одлучи судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Претходно, на денешното рочиште, исто така, заради попречување на презентација на доказите беше отстранет од судница и обвинетиот Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Јовановски.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе