ОЈО за гонење на организиран криминал

Судијката Димишкова на распит кај Русковска за „Рекет“

Судијката Весна Димишкова од Основниот кривичен суд во Скопје е повикана да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Судијката Димишкова беше споменувана во разговорите на Боки 13 со Орце Камчев, каде што обвинетиот му вели „ќе почекаме да видиме што ќе направи Димишкова до среда“.

Судијката Димишкова е повикана како лице што треба да даде дополнителни известувања.

Весна Димишкова од ноември 2017 година е назначена да одлучува во Одделението за претходна постапка за организиран криминал.

Таа е судијката што ја потпиша наредбата СЈО да може да влезе во УБК и која доби закани дека ќе „летне како гулаб“ и „ќе биде исечена на парчиња“, откако им изрече затворски казни на обвинети од „Детонатор“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе